Veligden vo Severen Kipar

26.04 – 29.04.2019
4 дена / 3 ноќи / авион

1. Ден (26.04.2019 година)
   СКОПЈЕ – KYRENIA
Лет со компанијата “Turkish Airlines” во 09:20 часот до Истанбул и полетување за Ercan во 13:40 чaсот. Пристигнување на аеродромот Ercan (ECN) во 15:20 часот. Трансфер до избраниот хотел и сместување во хотелот.
2 Ден (27.04.2019 година)
   
Појадок. Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга за 4 ноќевања. Можност за факултативни излети и екскурзии. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 Ден (28.04.2019 година)
   
Појадок. Можност за факултативни излети и екскурзии. Слободно време за индивидуални активности во попладневните часови. Ноќевање.
4. Ден (29.04.2019 година)
   KYRENIA – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и организиран трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 16:15 часот. Лет за Скопје во поставеното време 19:30 часот. Пристигнување во Скопје во 20:00 часот.

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Превоз со авион на релација Скопје – Истанбул / Истанбул – Еркан, со компанијата “Turkish Airlines”.
  • Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга според ценовникот даден во табелата.
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром.
  • Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Такси во износ од 50 Евра по лице кои се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот.
  • Задолжително патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Услови и начини на плаќање:
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 ден. за 1 евро.
  • При пријавувањето се уплаќа аконтација од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, а останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.
*ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

Факултативни излети:

Тура на западниот брег: 30 евра

Лоциран во прекрасната рамнина Güzelyurt (или Morphou) на западниот брег се наоѓа место кое е познато како овошната градина на Кипар. Турскиот збор (Güzelyurt) може литературно да се преведе како (убава земја).
Оваа екскурзија се започнува од St. Mamas Манастирот, кој е изграден во 18 век на гробот од нивниот светец.
Според легендата, St Mamas е светец-заштитник на даночните затајувачи.
Потоа ќе го посетите Музејот Guzelyurt, кој се наоѓа веднаш до црквата. Музејот за природна историја има извонредна колекција од археолошки артефакти кои датираат од 8-миот век п.н.е. Овој прекрасен предел е исполнет со разноврсна флора и фауна.
Во продолжение на вашето патување ќе го посетиме античкиот град на Соли. Историјата на овој град датира од 7век п.н.е. кога Солон, познатиот филозоф на Грчката антика, предложен од кралот Филокпрос ќе го среди градот на таа локација. Во Соли може да се сретнат најуникатни дела на подни мозаици.

Античкиот град Саламис: 30 евра

Областа околу Фамагуста од секогаш била совршено место за населба. Местоположбата, плодното земјиште и прекрасното пристаниште направиле идеална локација за трговија со Блискиот Исток. Урнатините на античкиот град Саламис се одлично зачувани. Во центарот на Римскиот град, се наоѓаат гимназијата, бањите и театарот кои се ископани и се делумно реконструирани. Во бањите, сеуште може да се видат фрески и мозаици. Во близина е грчкиот храм на Зевс Саламинос, изграден во времето на изградбата и основањето на градот. Од Византиските времиња остануваат остатоците од 4-тиот центар на St. Epiphanius и Kampanopetra базиликата.

Фамагуста: 35 евра

Фамагуста претставува четврти град по големина на Кипар. Овој град нуди најдобри плажи и прекрасни хотели. Екскурзијата на Фамагуста ќе биде фасцинантна за сите оние кои се заинтересирани за историјата и ќе уживаат во прекрасните глетки при разгледот во текот на целиот ден.
За почеток, ќе ги посетите урнатините на античкиот град Salamis. Градот, прославен од Хомер, некогаш бил најголемиот и најбогат град на античкиот свет. Театарот, гимназијата и другите градби од римскиот период се многу добро зачувани и ви пружааат увид во архитектурата на оваа величествена ера.
Потоа ќе го посетиме манастирот St.Barnabas, каде што ќе го видите прекрасниот музеј на Иконите, богатиот Археолошки музеј и капелата која е изградена над гробот на апостолот Barnabas. Продолжуваме да го откриваме историскиот стар град Фамагуста, местата на интерес ја вклучуваат кулата на Отело, венецијанските утврдувања, Лала Мустафа Паша џамијата и бројните црковни остатоци. На крајот ќе уживате во слободното време во Фамагуста.

Западен брег и посета на Никозија: 50 евра

Обиколката започнува со посета на манастирот St.Mamas на Западниот брег, каде што колекцијата на икони во црквата ќе го засени секој посетител. Потоа турата продолжува до урнатините на древниот град Соли, каде што базиликата може да се пофали со извонредни мозаични подови. Понатаму, ќе го видите обновениот театар на Соли. После вкусниот ручек покрај море, патувањето ќе ве однесе до поделениот град Никозија. Историското јадро на градот има свој ориентален шарм со Kyrenia Gate, Ottoman caravansary и џамијата Selimiye.

Екскурзија во Карпаз: 30 евра

Нашата екскурзија до полуостровот Карпаз е авантура која го одзема здивот. Карпаз има спектакуларен пејсаж. Малите рибарски села, прекрасните песочни плажи и интересната флора и фауна ќе ве натераат да се заљубите во ова место на прв поглед. Освен тоа, жителите на многуте селски населби се едни од најпријателски расположените жители на Кипар. Во текот на денот, ќе добиете можност да се напиете кафе во шармантното пристаниште во Богаж, мало рибарско селце. Посетата на фабриката за маслиново масло ќе ве запознае како со старите така и со современите процеси на производство на маслиново масло. Жителите на Кипар ја гледаат убавината на Карпаз како свето нешто, исто како и светоста на манастирот Св. Андреј, кој се наоѓа на најисточниот врв на полуостровот. Поставен на самото крајбрежје манастирот претставува многу важна верска локација на грчките кипарски верници.
Како за крај,особено е важен моментот за ралаксирање на Златната плажа која е една од најубавите не само на островот туку и во Европа.

Целодневна тура низ Киренија: 35 евра

Овој романтичен град се наоѓа на северната страна од островот. Овој дел посебно го краси византиската тврдина која ни пружа прекрасен поглед на старото пристаниште. Овој град се наоѓа во падините на планинскиот венец, со прекрасна летна температура која овозможува подетално истражување и разглед на градските улици, посета на градските ресторани и прекрасните уникатни песочни плажи.
Целодневната тура низ Кипар ќе ве однесе до Северниот дел на островот каде може да откриете нешто повеќе како за нивната историја така и за нивната модернизација. Турата тргнува од уникатниот замок Хиларион, кој е најголемиот замок на островот, неговата положба во планинскиот предел Киренија пружа прекрасен панорамски поглед на целата околина. Овој замок го инспирирал и самиот Волт Дизни за да го замисли и ископира во некои од неговите цртани филмови.
Во продолжение прошетката и разгледот ќе не донесе до фамозната опатија Norbertine Abbey of Bellapais или “Abbey of Peace”( опатијата на мирот ) изградена во готски стил.
За крај ке дознаете нешто повеќе и за волшебниот стар град на Киренија. По посетата на најинтересните локации како што се тврдината на пристаништето и Shipwreck Museum – музејот на бродоломот, ќе можете да уживате во слободното време и сами да ја истражувате Киренија.