Veligden vo Dubai

DUBAI – 5 ноќи

28.04 – 03.05 
5 ноќевања со појадок

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО

1.ДЕН – СОФИЈА – ДУБАИ
Состанок со групата на аеродромот во Софија два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубави во 16:10ч со авио компанијата FLY DUBAI. Слетувањето во Дубаи е предвидено за во 22:05ч по локално време. Следи трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.

2 – 5. ДЕН – ДУБАИ

За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината
Burj Khalifa – најголемата зграда во светот со височина од неверојатни 828м, која најпрво требала да го носи името Burj Dubai, меѓутоа во чест на шеикот Khalifa al Nhjana е преименувана во Burj Khalifa. Облакодерот има 160 спрата, во него се сместени околу 1000 станови, канцеларии на 40 спрата, хотелот на Армани, како и прекрасната тераса на 124-тиот спрат.

Burj Al Arab – веќе со години е еден од симболите на раскошниот Дубаи, Burj al Arab преставува ултра луксузен хотел кој се смета за првиот хотел со 7* на светот. Сместен е на вештачкиот остров заедно со плажата Jumeriah. Островот со копно е поврзан со мост по кој можат да се движат и автомобили.
Музејот Дубаи – изграден на почетокот на 19.век и се смета за најстара градба во Дубаи. Првобитно бил користен како седиште на гувернерот, а од 1971 је прогласен за музеј. Го зафаќа просторот на тврдината Al-Fahidi во пределот Dubai Creek. Во музејот се изложени збирки од слики кои ја преставуваат историјата на Дубаи и сите фази на неговата експанзија, потоа традиционални оружја користени на овие простори, како и збирка посветена на морето и неговото значење во овие пустински предели и слики од старите бродови који биле користени за транспорт и трговија.

Palm Jumeirah – моментално најголем вештачки остров на светот, кој е граден во облик на палма со стебло и 17 листови, опкружен со мали островчиња кои во целина даваат облик на круг.

Abu Dhabi – главен град на Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува и еден од најмодерните градови во светот. Abu Dhabi е град кој нуди километри чисти песочни плажи и повеќе од 200 мали острови. Ќе ја посетиме една од најголемите новоизградени џамии во светот која прима 40.000 верници, потоа ќе прошетаме низ резиденцијалниот кварт, застанувајќи во Heritage Village – комплекс во кој на едно место ќе видите се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локални обичаи. Потоа следува посета на модерен трговски центар со слободно време за ручек и шопинг. Враќање назад кон Дубаи во попладневните часови со застанување и кратка посета на новата атракција – Ferrari World.

Jeep Safari – Зајдисонце на црвените дини со вечера во автентичен амбиент – во бедуински камп и ориентални мотиви. Можност за јавање на камили.
Трговски центар Mall of the Emirates – најголем шопинг центар на Блискиот исток, кој го сочинуваат преку 350 продавници, но и многу други содржини како што се разни тематски паркови, ресторани, кино сали, па дури и зимско скијалиште на затворено – Ski Dubai
Крстарење со брод (Show Cruise) – Прекрасно крстарење по заливот на Дубаи со вклучена вечера.

Ski Dubai – чудесно зимско скијалиште на затворено во сред пустина каде што во летните месеци може да се скија и на температури од над 40 степени целзијусови. Скијалиштето се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, содржи 5 различни стази со вештачки снег со вкупна должина од 22.500 метри.
The World – архипелог со околу 300 мали вештачки острови кои се градени во облик на земјата. Секое островче претставува една држава, а нивниот распоред потсеќа на обликот на планетата Земја. Архипелогот се наоѓа на околу 4км оддалеченост од брегот и сите острови се на продажба. Целиот проект сеуште не е финално готов, меѓутоа е во завршна фаза.

 

6 ДЕН (ДУБАИ – СОФИЈА)
Трансфер до аеродромот во Дубаи. Чекирање на летот за Софија во 10:45ч по локално време. Слетувањето во Софија е предвидено за во 15:10ч по локално време.

 

*** ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ  *** 

Сместување Услуга Ноќевања
5
Hilton Garden Inn 4* BB 649€
Wyndham Dubai Marina 4* BB 669€
AJ Ocean View JBR 5* BB 699€
Millennium Al Barsha 4* BB 649€
Sofitel Dubai JBR 5* BB 799€

*** ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ПО ЛИЦЕ ***

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СОФИЈА– ДУБАИ – СОФИЈА со авио компанијата FLY DUBAI
  • Рачен багаж до 7 кг
  • 5 ноќевања во хотелот во избранито хотел со појадок
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром.
  • Сите аеродромски такси
  • Виза

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и назад
  • Градска такса, која се плаќа на рецепција во хотел (хотели со 4* околу 4-5 USD по соба по ноќ, хотели со 5*околу 6 USD по соба по ноќ)
  • Факултативни излети и влезници
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 180 евра
  • Негативен PCR тест не постар од 96ч
  • EXIT PCR тест за враќање (посредува агенцијата за тестирање во Дубаи)
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 10€

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Miracle Gardens + Global Village – 50 eur
  • Панорамски разглед + Фонтани + Shopping Dubai Mall – 45 eur
  • Крстарење со луксузна јахта – 75 eur
  • Kite Beach + Dubai Creek – 30 eur
  • Safari Dubai – 50 eur