8ми Март во Истанбул (2)

ИСТАНБУЛ

Galata tower and bosphorus in İstanbul Turkey.

1 ден / 04.03.2021. (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите:
Кавадарци во 16:00 ч,
Неготино во 16:15 ч
Велес во 16:45 ч.
Скопје во 17:15 ч.(Хотел Вип наспроти Саем)
Куманово во 18:00

Се патува преку Р Бугарија , Ноќно патување со попатни паузи.

2 ден / 05.03.2021 (петок) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во предпладневните часови , сместување во хотел. Хотелот се наоѓа во областа Лалели, по сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до посета на:
-Хиподромот
-Можност за индивидуална посета на Сината Џамија
-Можност за индивидуална посета на Аја Софија
-Посета со локален водич на Византиската подземна цистерна Базиличка цистерна која датира од 6 век
-Посета на Палатата Топ Капи.

-слободни активности.можност за шопинг во Капали Чаршија,покриената чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници.
Ноќевање.

3 ден / 06.03.2021.( сабота) ИСТАНБУЛ
После појадокот :
-Панорамски разглед со локален водич на градот.
-Посета на Вселенската Патриаршија ,возење покрај Златниот Рог.
-Кафе пауза на Таксим, најпознатиот плоштад во Истанбул .
-Незаборавното крстарење по Босфорот,
-факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање)
-Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ги видеме најпознатите градби на Турција во минијатурно издание , прекрасно место за добри фотографии) *Слободни активности.
Ноќевање.

4 ден / 07.03.2021. (недела) ИСТАНБУЛ
Појадок и одјавување од хотелот.
За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Р Бугарија со попатни паузи.

5. ден / 08.03.2021(понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во утринските часови.

Цена на аранжманот: 5.500 мкд. (за уплата до 21.02.2021)
Редовна Цена: 6.130 мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок во 3*.во Истанбул
– посета на Хиподромот;
– посета на Сината Џамија
-посета на Аја Софија
– пешачки разглед со локален водич
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– панорамски разглед 10 € (задолжителна доплата за сите патници)
– крстарење со брод по Босфор – 20 €;
– посета на Долма Бахче Сарај(превоз,влезница и локален водич ) 25 €
– посета на Подземната Византиска цистерна 15 €
– посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 20€;
– посета на Miniaturk  (влезница,превоз, локален водич) – 10€;
– посета на Аквариумот Turkuazoo превоз | влезница) – 20€;
– здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е 35 патници;
-Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот; (08.08.2021)
– Уплата исклучиво во денари.

* Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
Пополнетост на автобусот е  максимум 50%, според новите протоколи за Ковид 19