Nova Godina vo hotel Mediteran 4*, Becici

MEDITERAN HOTEL & RESORT 4* БЕЧИЧИ, БУДВА
Термин 30.12.2025 – 02.01.2026 

4 дена / 2 ноќи


1 ден  30.12.2025 (Вторник)  Штип –Куманово- Скопје -Будва

Поаѓање кон Будва во 22.00 часот од Штип- паркингот пред Новата Пошта, во 22.45 во Куманово- Макпетрол бензинска, 23:15 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  31.12.2025 (Среда)–Будва- Бечичи

Пристигнување во утринските часови во Будва. Попатна пауза и можност за фотографирање со поглед на едно од најлуксузните летувалишта на Јадранот- Св. Стефан. Будва е еден од најстарите градови на Јадранот, со историја подолга од 2.500 години. Позната како „кралица на црногорскиот туризам“, нуди уникатен спој на антика, медитерански дух и модерен луксуз. Сместување во Hotel & Resort Mediteran 4*. Слободно попладне за уживање во Луксузниот Wellness & Spa центар на хотелот- Голем затворен базен од 270 м², џакузи, сауна и релакс соба со тепидариум – место каде телото и умот се обновуваат. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО БУДВА. Ноќевање.

3 ден  01.01.2025 (Четврток) Бечичи–Дубровник– Тиват- Порто Монтенегро- Бечичи 

Појадок. По појадокот, можност за факултативен излет до Дубровник, Тиват и Порто Монтенегро. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св. Влах – заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија, доколку дозволуваат временските услови следење на концертот на дубровачката филхармонија која секоја година има свој концерт. Поаѓање кон Тиват. Разглед и прошетка низ центарот на градот Тиват и луксузниот комплекс Порто Монтенегро, едно од најлуксузните пристаништа на Балканот. Враќање во хотелот. Слободно попладне за уживање во Wellness и Spa центарот на хотелотДОЧЕК НА ВТОРА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО БУДВА. Ноќевање.

4 ден  02.01.2025 (Петок) Бечичи–Пераст– Котор-Скопје/Штип

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативен излет до Пераст и Котор. Пераст е еден од скриените бисери на Црна Гора, кој наликува на мало парче Венеција што се спуштило по Јадранот и се закотвило на брегот на Которскиот залив. Од Пераст се упатуваме со брод кон островот на кој се наоѓа манастирот Богородица на карпите (Gospa od Škrpjela), кој е еден од најфасцинантните и најпосетуваните историски локалитети во Бока Которска, Црна Гора. . По посетата на Пераст, се упатуваме кон Котор. Прошетка низ тесните улички исполнети со историја, посета на градските ѕидини, катедралата Св. Трифун, плоштадите, сувенирниците, галериите и локалните кафулиња. Слободно време за индивидуални активности и уживање во уникатната атмосфера на Которскиот залив. По посетата на Котор, заминување кон Македонија преку Албанија и Косово со попатни паузи. Ноќно возење.

5 ден  03.01.2025 (Сабота) Скопје -Штип

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 185€ / 11.470,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автoбус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Mediteran Хотел & Ресорт 4*, Бечичи https://www.mediteran.me/en/
  • Користење на Wellness & Spa Центар
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
•   Факултативна посета на Дубровник, Тиват и Порто Монтенегро- 30 евра (минимум 30 патници за реализација)

  • Факултативна посета на Пераст (превоз со брод+ влезница за црква Богородица на карпите (Gospa od Škrpjela )   + водич) и Котор (превоз)- 20 евра / (минимум 30 патници за реализација)
  •    Влезница за Котор (се плаќа на лице место)
  •    Влезници за музеите и културно-историските споменици
  •    Задолжително патничко здраствено осигурување- 200 денари
  •    Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се плаќа во агенција)

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ – 45 евра