Почетна
vila Panorama, Olimpic Beach
Вилата Panorama e лоциранa во централниот дел на Олимпик Бич, одалечена 140м. од плажата.
Секое студио поседува основно опремена кујна,купатило, балкон, ТВ, и клима која се доплака 6еур од ден.Вилата поседува и лифт.
Во вилата постои WI-FI, но агенцијата не е одговорна за неговиот квалитет.
Google maps:
Latitude: 40.24054
Longitude: 22.58568
Линк за локација: www.google.com/maps/place/40°14’25.9″N+22°35’08.5″E
10% попуст за резервации до 01.03.2026 со целосна уплата.
5% попуст за резервации до 01.03.2026 со 50% уплата.


ЦЕНИТЕ во табелата(без *) се дадени за наем на студио за 10 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.)
Цените во табелата со (*) се дадени по лице со превоз. За со сопствен превоз се одбива 25еур.
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенцијата.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Дозволено е едно дете до 7год. да може да се спие помегу родителите.
Превземање на собите е по 16 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Nova Godina vo hotel Mediteran 4*, Becici
MEDITERAN HOTEL & RESORT 4* БЕЧИЧИ, БУДВА
Термин 30.12.2025 – 02.01.2026
4 дена / 2 ноќи
1 ден 30.12.2025 (Вторник) Штип –Куманово- Скопје -Будва
Поаѓање кон Будва во 22.00 часот од Штип- паркингот пред Новата Пошта, во 22.45 во Куманово- Макпетрол бензинска, 23:15 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 31.12.2025 (Среда)–Будва- Бечичи
Пристигнување во утринските часови во Будва. Попатна пауза и можност за фотографирање со поглед на едно од најлуксузните летувалишта на Јадранот- Св. Стефан. Будва е еден од најстарите градови на Јадранот, со историја подолга од 2.500 години. Позната како „кралица на црногорскиот туризам“, нуди уникатен спој на антика, медитерански дух и модерен луксуз. Сместување во Hotel & Resort Mediteran 4*. Слободно попладне за уживање во Луксузниот Wellness & Spa центар на хотелот- Голем затворен базен од 270 м², џакузи, сауна и релакс соба со тепидариум – место каде телото и умот се обновуваат. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО БУДВА. Ноќевање.
3 ден 01.01.2025 (Четврток) Бечичи–Дубровник– Тиват- Порто Монтенегро- Бечичи
Појадок. По појадокот, можност за факултативен излет до Дубровник, Тиват и Порто Монтенегро. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св. Влах – заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија, доколку дозволуваат временските услови следење на концертот на дубровачката филхармонија која секоја година има свој концерт. Поаѓање кон Тиват. Разглед и прошетка низ центарот на градот Тиват и луксузниот комплекс Порто Монтенегро, едно од најлуксузните пристаништа на Балканот. Враќање во хотелот. Слободно попладне за уживање во Wellness и Spa центарот на хотелот. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО БУДВА. Ноќевање.
4 ден 02.01.2025 (Петок) Бечичи–Пераст– Котор-Скопје/Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативен излет до Пераст и Котор. Пераст е еден од скриените бисери на Црна Гора, кој наликува на мало парче Венеција што се спуштило по Јадранот и се закотвило на брегот на Которскиот залив. Од Пераст се упатуваме со брод кон островот на кој се наоѓа манастирот Богородица на карпите (Gospa od Škrpjela), кој е еден од најфасцинантните и најпосетуваните историски локалитети во Бока Которска, Црна Гора. . По посетата на Пераст, се упатуваме кон Котор. Прошетка низ тесните улички исполнети со историја, посета на градските ѕидини, катедралата Св. Трифун, плоштадите, сувенирниците, галериите и локалните кафулиња. Слободно време за индивидуални активности и уживање во уникатната атмосфера на Которскиот залив. По посетата на Котор, заминување кон Македонија преку Албанија и Косово со попатни паузи. Ноќно возење.
5 ден 03.01.2025 (Сабота) Скопје -Штип
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 185€ / 11.470,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автoбус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Mediteran Хотел & Ресорт 4*, Бечичи https://www.mediteran.me/en/
- Користење на Wellness & Spa Центар
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Факултативна посета на Дубровник, Тиват и Порто Монтенегро- 30 евра (минимум 30 патници за реализација)
- Факултативна посета на Пераст (превоз со брод+ влезница за црква Богородица на карпите (Gospa od Škrpjela ) + водич) и Котор (превоз)- 20 евра / (минимум 30 патници за реализација)
- Влезница за Котор (се плаќа на лице место)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Задолжително патничко здраствено осигурување- 200 денари
- Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се плаќа во агенција)
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ – 45 евра
































































