вила Akti Mati Неа Пантелимон

Вилата “Akti Mati” е лоцирана речиси до самиот морски брег, поточно 30м од прекрасната голема плажа во Неа Пантелимон.

Вилата е опкружена со многу зеленило и раскошни дрва во големиот двор кои што го прават престојот многу пријатен и во најтоплите денови.За секое возило на гостите е обезбеден паркинг под сенка во дворот на вилата.Во дворот постои фурна и повеке скари за приготвување на храна.Водата во вилата е доведена директно од планината Олимп и е квалитетна за пиење.Студијата се опремени со кујна, купатило и клима (вклучена во цената).Хигиената во собите е на највисоко можно ниво.