Почетна
Skijanje vo Saalbach, Avstrija
Салбах – е едно од најелитните и најубави ски ресорти во Австрија, но и во светски рамки. Градчето се наоѓа во областа Салзбург и има неверојатни 300 км скијачки стази што е рај за љубителите на скијањето. Освен скијањето Салбах нуди и многу повеќе од тоа. Ноќно скијање, одлични ресторани, дискотеки, спортски центри и многу забавни активности со цел туристите да се чувствуваат прекрасно и да имаат зима за паметење. Одлично е тоа што воопшто и да не вие потребен превоз до ски стазите, бидеќи се веднаш до сместувањата. Бројните настани само ќе го збогатат Вашето доживување во Австрија. Ауди/БМВ тест драјв, концерти и голем број на изненадувања. Новите и модерни апартмански сместувања на Алпите заедно со искусниот тим на Wonder Camp се спремни да ви го овозможат најубавиот и најзабавниот зимски одмор до сега.
Wonder Sport Camp е наменет за деца, млади луѓе, родители, групи кои што сакаат да водат активен и здрав живот.
Зошто Wonder Sport Camp?
– Одлична можност за камперите да спортуваат, се забавуваат и стекнат нови пријателства
Скијањето во Австрија е несекојдневно искуство!
Еден одмор – милион спомени!
Општи Правила:
Секојдневните активности на кампот се организираат од страна на стручниот тим на Wonder Sport Camp. Одличната програма им дава можност на сите учесници да се едуцираат, забавуваат, релаксираат и да уживаат во сите активности.
Активности на Кампот:
- Забавни активности
- Едукативни активностии
- Спортски активности
- Изненадување за сите учесници
- Вечерни забави за повозрасните
- Ноќно скијање
Услови за учество:
Кампот е наменет за поединци, групи, тимови и спортски клубови за сите нивоа: од почетници до професионалци кои имаат желба да напредуваат и да ја подигнат својата форма на повисоко ниво.
Од Камперите се очекува да се однесуваат пристојно кон сите учесници на кампот како и кон тренерите и организаторите.
Сместување:
Учесниците ќе бидат сместени во прекрасни 4* апартмани за 6 или 8 лица кој се наоѓаат во срцето на Алпите и веднаш до ски стазите. Апартманите се супер модерни, комфорни со прекрасен панорасмки поглед и одлични за одмор и релаксација. Одличната локација на апартманите овозможува скијање без да користите ски автобус. Од оваа година има нова жичара ZellamseeXpress која се наоѓа многу блиску до нашето сместување.
Капацитет:
Внатрешен и надворешен базен, сауна. Вкупна должина на поврзани стази околу 400 км. Сини стази: 31, Црвени стази: 27, Црни стази: 6. Надморска висина: 1000 / 2100 м.
Партиципација за кампот: Период 03.01 – 12.01.2020 = 585 евра по лице (за лица родени 2001 год. и помлади) За лица родени 2000 год. и постари цената е 659 евра по лица.
Цената ВКЛУЧУВА:
- 7 ноќевања со 2 оброци дневно (појадок – се служи во апартманот и ланч пакет за секој учесник),
- Автобуски превоз на релација Скопје – Салбах – Скопје
- Ски карта за 6 денови
- програма со едукативни и забавни активности,
- Групни (патролни) инструктори. 10 деца – 1 инструктор.
- Користење на сауна и базен (внатрешен и надворешен)
- професионални тренери и лидери
- Ски маичка за секој учесник
- постелнина
- комлетно чистење на апартманот
- Wi-Fi во апартманите и на рецепција
Цената НЕ вклучува:
- Ски опрема (возможно е да се рента)
- Крпи (пожелно е секој да си понесе или се доплаќа)
- Туристичка такса 2 еу дневно (се плаќа во хотел)
Плаќањето може да се изврши во готово или електронски најкасно до 10.11.2019. Секој учесник / спортски клуб треба да плати 30 % од сумата по потврдување на апликацијата.
Дозволено е и плаќање на неколку рати. Последната рата треба да се уплати најкасно до 10.12.2019
Ски училиште
Вондер Камп ви овозможува брзо и лесно да го совладате скијањето со одлични професионални инструктори. Цени се промотивни и може да ги користат само учесниците на кампот.
Групен час за деца 2ч дневно за 3 дена – 115 евра
Групен час за возрасни 2ч дневно за 3 дена – 139 евра
Групен час за деца 2ч дневно за 6 денови – 199 евра
Групен час за возрасни 2ч дневно за 6 денови – 259 евра.
Индивидуален час 1ч – 65 евра.
Напомена: Групните часови се со максимален број од 6 учесници. Часовите се закажуваат минимум 15 дена пред поаѓање. Ски училиштето во Австрија НЕ Е задолжително.
Опрема и облека:
– Камперите мора да бидат облечени соодветно за време на активностите
Осигурување и безбедност:
Секој учесник мора да поседува валидно патничко осигурување кое покрива и дополниелни незгоди при скијање.
Нашиот искусен тим на лидери е достапен и е должен да води постојана грижа за сите учесници. Квалификувани спасувачи и тренери ќе ги придружуваат учесниците на скијачките патеки, на базен и во текот на сите нивни спортски активности.
Транспорт:
Превозот е со високо туристички автобуски и е организиран од страна на кампот. Превозот е вклучен во цената.
Програма на патувањето со автобуски превоз:
1 Ден – 03.01 – Македонија
15.00 Состанок со групата
поаѓање кон Австрија и ноќно возење. Скопје – Белград – Загреб – Австрија.
2 Ден – 04.01 – Пристигнување во Австрија и сместување во попладневните часови.
Вечерен состанок и објаснување на правилата и тимовите за скијање.
2 – 9 Ден – Вондер Камп – Салбах Австрија
9 Ден – 11.01 – Појадок и поаѓаме кон Виена.
Разглед на Виена и вечерно патување кон Македонија
10 ден – 12.01 Пристигнување во Македонија во утринските часови
Nova Godina vo Budva i Dubrovnik
БУДВА И ДУБРОВНИК
НОВА ГОДИНА 2020
1 ден НЕДЕЛА (29.12.2019)
Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00.
Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден ПОНЕДЕЛНИК (30.12.2019)
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови.Кратка пауза и можност за фотографирање на едно од најмонденските летувалишта на
Јадранското море – Свети Стефан.
Сместување во вила во Будва. Слободно попладне.
Во вечерните часови, можност за организирана факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.
3 ден ВТОРНИК (31.12.2019)
Во утринските часови поаѓање кон Дубровник.
Пристигнување во Дубровник во пладневните часови – индивидуален разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Враќање во Будва. Вечерта следи трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2020 Година. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
4 ден СРЕДА (01.01.2020)
Одјавување од вилата во утринските часови.Трансфер до центарот на Будва (Словенска Плажа).Време предвидено за индивидуална прошетка или шопинг. Тргнување за Скопје според договорено време. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 3300 денари со уплати до 15.11.2019
РЕДОВНА ЦЕНА: 4500 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања во Будва
*Трансфер до градскиот плоштад и дочек на Новата 2020 Година
*Организација и реализација на патувањето
*Лиценциран туристички водич
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
*Туристичка такса Црна Гора 1 евро од ден
*Посета на Дубровник 15 евра
*Вечера во ресторан на Јадранска ривиера со пијалок 10 евра
Nova Godina vo Maroko
1 Ден: 30.12.2019 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА:
Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 08:00 часот. Полетување за Истанбул во 10:10 часот со лет PC352. Пристигнување во Истанбул во 13:35 часот. Полетување за Казабланка во 20:15 часот со лет PC651. Пристигнување на аеродромот Мохамед во Казабланка во 23:20. Пречек од партнеот од Марако и трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 Ден: 31.12.2019 КАЗАБЛАНКА – РАБАТ (94 км):
После појадокот со спакуван багаж, тура низ Казабланка, деловниот главен град на кралството, посета на плоштадот Мохамед В, плоштадот на Обединетите нации, квартот Хабсус, Кралската палата, резидентската област на Анфа и прекрасната џамија Хасан Втори и AinDiab Corniche наредени со базени и гастрономски ресторани. По ручекот заминување за Рабат, административниот главен град на Мароко. Откријте го „Империјал Гарден Сити“ со неговите главни споменици: градината Одејас, Хасан кула и Мавзолејот. Ќе ги видите и sидините на Мехуар кои ја опкружуваат Кралската палата. Сметување во хотел во Рабaт. Вечера. Ноќевање.
3 Ден: 01.01.2020 РАБАТ – МЕКНЕС –ВОЛУБИЛИС – ФЕС (207 км):
По појадокот, со спакуван багаж, продолжуваме со програмата за Фес преку Мекнес, каде започнуваме најпрвин со разгледување низ Мекнес, наречено „Марокански Версај“, која е основана на крајот на 17 век од Мулај Исмаил, современик на Луј XIV. Дополнително разгледување вклучува и Баб Ел Мансур, која се смета за најубавата порта во Мароко. Можност за ручек во локален ресторан. Поата продолжуваме со посета на римските урнатини на Волубилис на неколку километри од Мекнес. Продолжуваме до Фес , со вечера и ноќевање во хотелот.
4 Ден: 02.01.2020 ФЕС:
После појадокот, целиот ден ќе биде посветен на откривање на ФЕС, посета на средновековната Медина. Ќе ги истражуваме и познатите пазари каде занаетчиите сè уште работат со вековната ориентална традиција. Слободно време за ручек и продолжете со разгледот попладне. Препорачуваме – Еврејскиот кварт, Медина, Bou Inania Madrasa, Плоштад от Неџарин итн. Враќање во хотел и ноќевање со вечера.
5 Ден: 03.01.2020 ФЕС – БЕНИ МЕЛАЛ – МАРАКЕШ (480 км):
По појадокот, со спакуван багаж, заминуваме за Бени Мелал, поминувајки покрај Азру, Берберско село, познато по својата занаетчиски изработки, како резба од дрво и килими. Пристигнување до Маракеш, вечера и ноќевање во хотелот.
6 Ден: 04.01.2020 МАРАКЕШ:
По појадокот, целиот ден ќе биде посветен на разгледување на Маракеш, основан од Алморавидес на крајот на 11 век. Маракеш е сместен во бујна оаза во подножјето на снежните планини Атлас. Ќе ги посетиме познатите градини Менара, џамијата Кутубија и палатата Бахија. Слободно време за ручек и продолжуваме со разглед на Медина и познатиот плоштад Јамаа Ел Фна. Враќање во хотел за вечера и ноќевање.
7 Ден: 05.01.2020 МАРАКЕШ – КАЗАБЛАНКА (240 км)
После појадокот, трансфер во Казабланка. Слободно време, пауза за ручек во ресторан на крајбрежјето на Казабланка. Слободно попладне, препорачуваме на шопинг во Marocco Mall. Tрансфер до аеродромот во Казабланка окулу 20:00 часпт за повратен лет.
8 Ден: 06.01.2020 КАЗАБЛАНКА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:
Лет кон Истанбул PC652 во 00:20. Пристигнување во Истанбул во 07:00. Лет за Скопје со лет PC 351 во 10:00, пристигнување во Скопје во 09:30 часот.
Хотел 4* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 30.12.2019 – 06.01.2020 |
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ | 30.12.2019 – 05.01.2020 | |
УСЛУГИ | 5 HB + 1 BB | |
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 6Н / 8Д | |
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 28.10.2019 | 1275 € / 79.050 мкд | |
Цена по лице во двокреветна соба | 1395 € / 86.490 мкд | |
Попуст за трето возрасно лице | -50 € / -3100 мкд | |
Доплата за еднокреветна соба | 150 € / 9.300 мкд |
Цената влучува:
• Авионски превоз Скопје – Казабланка– Скопје, со вклучени аеродромски такси
• 6 ноќевања во Хотели со 4* (5 полупансиони + 1 ноќевање со појадок)
• Вклучени разгледи и влезници според програмата
• Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници
• Лиценциран локален водич на англиски јазик
Цената не вклучува:
• Влезна виза за Мароко (се вади во Софија, за повеќе информации и цена ве молиме обратете се во Агенција);
• Опционално доплата за новогодишна вечера
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Задолжително патничко осигурување
• Факултативни излети
• Бакшиши за локалните возачи и водичи
Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.