Почетна
Нова Година и одмор на островот Пукет – Тајланд
TАЈЛАНД
ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА И ОДМОР НА ОСТРОВОТ ПУКЕТ
11 дена / 9 ноќевања (АВИОН) 28.12.2017
Тајланд е земја која се наоѓа зад магичното огледало, која е сосема поинаква од нашата реалност, прекрасна во својата разноликост, бојата, мирисот и страстa …Народот, природата, храната, преставува посебно доживување под тропското небо. Таму се цвета со посебен сјај кој се памети многу долго. Тајланд се наоѓа во централниот дел на Индокина и граничи со Малезија, Камбоџа, Лаос и Мјанмар. Исто така позната е како земја на орхидеи, мистични реки, тропски шуми и прекрасни Будистички храмови како и пријателски расположени и насмеани луѓе. PHUKET – Некогаш изолиран и малку населен остров, Пукет бргу прераснува во модерна и луксузна туристичка дестинација која е денес посетена од огромен број на туристи од целиот свет. Овој тропски рај е вистинско место за љубителите на песочни плажи, чисто и топло море и богат природен диверзитет. Покрај изобилството на убави плажи, море и сонце, Пукет нуди и други интересни вредности како будистички храмови, живописни локални места, ресторани, забава и богат ноќен живот. Климата на островот е тропска со висока температури во текот на целата година и висока влажност во воздухот. Ова незборавно, лесно патување ќе ви донесе многу интересни информации, забава и уживање, кои ќе ви останат во трајни спомени.
SEAVIEW PATONG HOTEL, PHUKET TAJLAND
SEAVIEW PATONG HOTEL е лоциран на 40 км од аердромот во Пукет, и 15 км од центарот на Пукет, во непосредена близина до плажата, доволно далеку од метежот и вревата за да уживате во тропскиот одмор, како и фантастично место за цело семејство. Постојат многу работи кои што може да се направат во Seaview Patong Hotel можете да уживате покрај убавиот базен, да ја вкусите традиционална храна, или пак да уживате во познатата тајландска масажа во спа и фитнес центар. Искористете ги деновите за да се релаксирате под сонцето, со многу бројни вкусни пијачки, а истотака можете да ја дегустирате лоакалната и интернационална кујна во ресторанот кој се наоѓа покрај базенот. Samunprai Spa ви нуди прекрасни масажи и третамни за релаксиран одмор. Хотелот истотака нуди 2 отворени базени за возрасни и еден за деца, салон са убавина, wifi, доктор( со повик.). Хотелот располага со соби кој што се дизајнирани според тајландскиот стил, со топли бои и дрвен мебел. Удобни соби и апартмани со квалитетни душеци за мирен сон, приватни балкони и бањи со кади и тушеви.
Програма на патување:
1 ДЕН (28.12.2017 – четврток) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ПУКЕТ
Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 07:00 часот. Полетување за Истанбул во 09:15 часот со лет ТК1004. Пристигнување во Истанбул во 12:50 часот. Полетување за Пукет во 14:45 часот со лет ТК172.
2 ДЕН (29.12.2017 – 30.12.2017 – петок – сабота) ПУКЕТ
Пристигнување во Пукет во 04.00 часот ( локално време). По завршување на пасосшка и царинска контрола, трансфер до хотелот. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа или за индивидуални разгледи.
4 ДЕН (31.12.2018 – недела) ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден, време за одмор и индивидуални активности. Дочек на Нова Година, задолжителна новогодишна вечера. Можност после прославата за индивидуална прослава во околните барови и дискотеки. Ноќевање.
5-10 ДЕН (01.01.2018 – 06.01.2018 понеделник – сабота) ПУКЕТ
Појадок. Слободно време – Пливање, масажи, убави плажи, бел песок, тиркизни, топли води, феноменален зајдисонца и екскурзии до блиските острови, ќе направи да се чувствувате како небото. Време резервирано исклучиво за уживање! Невообичаениот ноќен живот е сцена како од најлудите филмови! Можност за организирање на факултативни екскурзии: Полудневн разглед на Пукет, посета на островот Pi Pi во провинцијата Краби, Pang Nga област на островот познатат kako “Џејмс Бонд”, посета на кабаре шоу… Ноќевање
11 ДЕН (07.01.2018 – недела) ПУКЕТ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Напуштање на собите по полноќ и трансфер до аеродром за летот на TK173 во 05:30 со лет за Истанбул. Пристигнување во Истанбул на 07 Јануари во 12:35. Заминување за Скопје со лет ТК 1005 во 20:10, пристигнување во Скопје во 19:40 часот.
Цената влучува:
- Авионски превоз Скопје – Пукет – Скопје
- 9 ноќевања во SEAVIEW PATONG HOTEL 4*на база ноќевање со појадок
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Техничко водство / Пратител на групата
Цената не вклучува:
- Аеродромски такси во висина од 357 еур
- Задолжителна Новогодишна вечера – 110 еур
- Влезна виза за Тајланд (потребни се 2фотографии, пасош и 85€);
- Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
- Задолжително патничко осигурување и Факултативни излети
Забелешки:
Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
- Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
- Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето
Божик во Израел
ПАТЕКАТА НА ЕВАНГЕЛИЕТО
05.ЈАНУАРИ 2018 – 11. ЈАНУАРИ 2018
(7 дена / 6 ноќи)
Откријте ја лулката на Христијанството по Патеките на Евангелието, доживејте ги физички и духовно Библиските пејсажи на Галилеа, онаму каде Исус и неговите следбеници се движеа…
1.Ден: 05– ти јануари: Скопје – Истанбул – Тел Авив
Состанок на групатана Аеродром Александар Велики во 8:30 часот. Лет за Истанбул со PC352 во 10:35 часот и слетување во 14:00 часот. Полетување кон Тел Авив со PC785 во 20:55. На аеродромот Ben Gurion се слетува во 22:00 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до хотел во Витлеем. Ноќевање.
2.Ден: 06-ти јануари: Стариот Град – Планината Зион – Еврејски Кварт – Западниот Ѕид
По појадокот, заминување на целодневна пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден: 07–ми јануари: Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град – Еин Карем
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место на Св. Јован Крстител. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
- Ден: 08–ми јануари: Мртво Море – Табор – Назарет
По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Од таму продолжуваме кон планината Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на Преображдението. Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Од таму се упатувваме накај Назарет за посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија. Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање
5.Ден: 09– ти јануари: Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум – Јарденит
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината Beatitude и Tabgha, место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек во традиционален ресторан(вклучен во цената). По паузата за ручек се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел воТибериас за вечера. Ноќевање
6.Ден: 10–ти јануари: Назарет – Бахајските градини – Хаифа – Нетанија
По појадокот (со спакуван багаж) заминуваме во посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија. Од таму се упатваме кон панорамско разгледување на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jaffa. Пристигнување во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање
7.Ден: 11-ти јануари: Тел Авив – Истанбул – Скопје
Одјавување од хотел во раните утрински часови. Трансфер до аеродром за летот на PC782 во 10:10. Лет за Истанбул, а потоа заминуваме за Скопје со PC353 во 15:45. Пристигнување во Скопје во 15:15.
И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН
Во цената е вклучено :
- Повратен авио билет Скопје – Тел Авив – Скопје
- Сместување во Хотели со 3* на полупансион
- Сите трансфери према програмата
- Сите посети и влезници према програмата
- ручек во Еин Гев
- Стручен локален водич на српски јазик
- Техничко водство / Пратител на групата
Во цената не е вклучено :
- Аеродромски такси 136€/8.432 мкд
- Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
- Задолжително патничко осигурување
Задолжителен бакшиш за локалните водичи и возачите – 40 УСД (се плаќа на лице место, веднаш по пристигнување)
Забелешки:
- Во случај на помал број од 20 пријавени патници, но најмалку 15, аранжманот нема да се откаже, но цената ќе претрпи промена
- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување, на лице место.Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
Нова Година во Солун и Метеори
30.декември (сабота) СКОПЈЕ – СОЛУН – ЛЕПТОКАРИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица-Евзони. Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј… Патувањето продолжува кон Лептокарија, пристигнување во Лептокарија во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за инфивидуални активноси. Ноќевање.
31.декември (недела) МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високи камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метерои ја пронаоѓале својата цел. При враќањето попатна посета на малата карпеста црква Агиа Параскеви (Св.Петка), изградена во клисурата Темби. Враќање во хотел. Навечер можност за дочек на Новата година факултативно со вечера во грчка таверна, со богато мени и уметничка програма. Ноќевање
01.јануари (понеделник) ЛЕПТОКАРИЈА – ЛИТОХОРО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Скопје со попатна посета на живописното гратче Литохоро кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп. Во попладневните часови патувањето продолжува кон граничниот премин Евзони-Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
– Факултативна Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма (60 €)
– Патничко здравствено осигурување (129 мкд)
Нова Година во Венеција
