vila Akakia
Villa AKAKIA е бездруго најубаво лоцираниот објект од понудата за Псакудија. Во непосредна близина на морето на 150 m оддалеченост, со убаво уреден двор со сенка од дрвја. Располага со комфорни и убаво уредени апартмани, сите опремени со квалитетен мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна и балкон.
* Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Употребата на клима уред (ac+) во AKAKIA “B” е бесплатна.
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (30 EUR за дете 02 до 12 год.)