vila Blue Sea

Вилата се наоѓа на самата песочна плажа, а фактот што гостите можат да го користат базенот, џакузито и детскиот базен ја вбројува меѓу една од најбараните. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат кои имаат тераси со поглед во дворот на вилата и на базенот, како и бочно поглед кон морето. Сите студија имаат мини чајна кујна,телевизор и климауред чие користење е вклучено во цената, а се наоѓаат на прв и на втор спратСтудијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг простор.

-Цените се за наем на Студио.Климата е вклучена во цената.

-Превоз: 35еур повратна карта за возрасни / 25еур за деца 2-12г.