vila Zorbas, Nea Floita
Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба во апартманите со една спална. Тесна и долга тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартман /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема аголна тераса со директе поглед на море и се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и интернет – бесплатни. Апартманите се наоѓаат на II кат. Апартманите се реновирани и се со добар квалитет на сместување. Гостите со сопствени возила може да паркираат на 20м од вилата.
GPS Coordinates: 40.257329, 23.217105
5% попуст за уплата до 01.03.24
-
-
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса -1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)
-