vila Maria, Hanioti
Вила “Maria” се наоѓа на одлична локација во центар на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 – 1/3 студија со редовни легла како и 1/3+1 студио со три редовни легла и едно на извлекување (поставени нови душеци на секое легло во 2021). Сите студиа се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници.. Студиата за две лица се наоѓаат на први и втори кат и имаат поглед назад, останатите студија поглед напред. Вилата е со одличен квалитет на сместување
GPS Coordinates: 40.000297, 23.573473
5% попуст за целосна уплата до 01.03.24
-
-
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса -1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)
-