vila Fanis
Локација: Вила Фанис според многумина е најубавата вила во Полихроно, а можеби и на целиот крак Халкидики. Се наоѓа на самиот морскиот брег.
Содржина на вилата: Поседува голем двор со прекрасен тревник во кој е сместен базен за возрасни и деца. Повеќето од сместувачките единици се реновирани. Сместувачкиот дел се состои од триесет и две сместувачки единици: трокреветни, трикреветни студија со дополнителен кревет и четворокреветни апартмани и дуплекси. Вилата има рецепција, додека пак на приземјето на хотелот има ТВ соба и соба за друштвени игри. Зад вилата има простор погоден за паркирање автомобили со ограничен број места. Објектот долги години го нудеа англиски тур-оператори и услугата е прилагодена на англиските стандарди.
Соби: Сите студија, апартмани и дуплекси имаат кујна (фрижидер, мини електричен шпорет без фурна, садови, без тави), телефон, фен, LCD телевизор, WiFi (слаб проток), клима уред чие користење е вклучено во цената. Четирикреветните апартмани имаат два клима уреди. Апартманите и дуплексите се многу пространи и функционални. Се состојат од спална и кујна, додека дуплексот содржи две спални соби и кујна. Тројца возрасни и едно дете до 12 години можат да престојуваат во трокреветно студио со дополнителен кревет. Чистењето на сместувачките единици се врши секој ден, додека постелнината и крпите се менуваат на 5 дена.
GPS KOORDINATI: 40.018888888889 23.525555555556
За резервации и целосни уплати до 28.02.2023 одобруваме 10% попуст
Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на Студио за 10нокевања.
Цените со свездичка се цени по лице со вклучен превоз.
Само превоз….50еур за возрасни / 40еур за деца до 10г.
Доплата за тур. такса