vila Kosmas

Локација: Vila Kosmas се наоѓа на само 30 метри од плажа и десет метри од главното шеталиште, но заштитена од бучава, па затоа ја препорачуваме на семејства со деца.

Содржина на вилата: Нудиме шеснаесет двокреветни студија, двокреветни студија со дополнителен кревет и трокреветни студија кои се наоѓаат на приземје и кат. Сите студија се делумно реновирани за сезоната 2018 и се свртени кон базенот. Вилата располага со базен со лежалки за гостите на вилата и простран двор. Зад вилата има паркинг. Во дворот има летниковец со скара, достапна за гостите, каде што можат да се дружат и да се релаксираат.

Содржина на собите: Двокреветни и двокреветни студија со дополнителен кревет се состојат од кујна и спална соба во кои има два стандардни или два стандардни и дополнителни кревети, собите се поврзани со ходник и не се одделени со врата. Трокреветните студија се состојат од кујна и простор за спиење во кој се сместени три стандардни кревети, собите се поврзани со коридор и не се одделени со врата. Сите сместувачки единици имаат пространи тераси со поглед на базен, чајна кујна (фрижидер, мини електричен шпорет и прибор) за приготвување на лесни оброци, ТВ, WiFi (слаб проток) и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Постелнината и крпите се менуваат на секои 5 дена, додека чистењето е секојдневно.

GPS KOORDINATE: 40.01966142753885 23.52447509765625

Цените се дадени во евра (1еур=62ден.) за наем на Студио за 10нокевања.

Цените со свездичка се цени по лице со вклучен превоз.

Само превоз….50еур за возрасни / 40еур за деца до 10г.

Доплата за тур. такса