vila Dionisos
Vila Dionisos се наоѓа на околу 150 метри од центарот на Ханиоти и на околу 200 метри од морето. Вилата е од апартмански тип но не е реновиран објект, има рецепција со сеф, базен за возрасни и деца. Има двокреветни студија со помошен кревет и трокреветни студија кои се наоѓаат на приземје или на првиот спрат и сите гледаат во дворот. Студијата имаат издвоена кујна ( фрижидер, мини електричен шпорет и садови) и спална со 2 стандардни кревети и фотеља на развлекување или три стандардни кревети. Сите студија имаат фен за коса, телефон, тераса, SAT TV, Wi-Fi (користењето се наплаќа 2 евра дневно) и клима уред. Користењето на климата е вклучено во цената во јули и август, а во предсезона се наплаќа по 5 евра дневно. Постелнината и крпите се менуваат на 3 дена, а чистењето е секој ден.
За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст
Превоз…..35еур за возрасни / 25еур за деца