vila Bouzalis
Вилата „Bouzalis“е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
Клима уредот е вклучен во цената.
Превоз…..35еур за возрасни / 25еура за деца 2-12г.