vila Ana Sakis, Toroni
Куќа „Ана Сакис“ е лоцирана на 20 метри од морето. Се преминува шеталиште (мала улица) за да се стигне до прекрасната песочна плажа. Двокреветните студија се во приземјето а трикреветното студио (2 + дополнително легло) е на првиот кат. Истите се комплетно опремени со мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Веднаш до куќата има маркет и рибарницa.
Напомени и услови:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
Вонсезонските цени се дадени по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната сума
Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Во собите дозволено е сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот.Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман.
Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Tур. такса сњ плака на лице место.