vila Papus
Куќа „Папус“ е лоцирана во стариот дел на Сарти, на околу 50 метри од песочната плажа. Студијата се лоцирани на третиот кат, а дуплекс-апартманот (со две одвоени спални соби и кујна) на високо приземје. Дел од нив со поглед кон море. Во понудата нема пешкири. Забелешка е дека сите студија и апартмани се опремени со стар мебел (ве молиме да се информирате за сите детали) и комплетно опремени мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден) и интернет вклучен во цената.
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
- Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз.
- Превоз:
За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- дозволено сместување на едно дете до 3 години над бројот на кревети во секое студио или апартман