Nova 2022 godina vo Barselona
Лудо и незаборавно – Нова Година во Барселона !!
Цена по лице : 389 Евра
– со вклучени аеродромски такси –
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:25 часот. Полетување за Барселонa во 19:25 ч. Пристигнување во Барселона во 22:10 часот. Трансфер до хотелот, хотел Вила Домат 3* (во центарот на градот) и сместување. Ноќевање.
29.12.2021 – среда
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, Саграда Фамилија(40 минутен разглед), Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности…Враќање во хотел и припрема за новогодишна прослава на некој од плоштадите во Барселона. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Започнуваме со посета на паркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона.Следува факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
31.12.2021 – петок
Појадок во хотел. Слободно време и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе , ручек или шопинг. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел.Во вечерните часови ќе ја дочекаме Новата Година во прекрасниот амбиент на Барселона.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
01.01.2022 – сабота
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на парк Цитадела и Зоолошката градина. Сместена во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Оваа Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и претставува забава за цела фамилија. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона.Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 22:50 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 01:35 часот локално време.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и трансфер
- Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената)
- Посета на Парк Гуел со водич и билет
- Посета на ЗОО (пратител + влезница)
- Фламинко шоу со пијалок
- Аквариум (влезница и претставник од агенција)
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА !!!
- Туристичка такса се плаќа во хотел – 1,5 € по ден на лице; (уплата во агенција)
- Билети за јавен превоз со метро;
- Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).
- За група над 15 патника предвидено е придружник од агенцијата.
ОПШТИ НАПОМЕНИ
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Патникот е должен непосредно пред патување да се информира за правилата за влез во државата во која ќе патува од причина што истите се променливи на дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај нас и во државата во која се патува.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ШПАНИЈА
Ве информираме дека при влез во Шпанија, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:
- За пристигнувања со авион или брод, задолжителна е регистрација 48 часа пред патувањето на https://spth.gob.es/(во моментов не е потребна регистрација ако во Шпанија се влегува по копнен пат).
- Приложување на сертификат за вакцинација со вакцина призната од Светската Здравствена Организација (WHO) и Европска Агенција за Лекови(EMA).
- За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација, но останува задолжителната регистрација (од точка 1)
- Влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен САМО за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија.
На туристи без сертификат за вакцинација нема да им биде дозволен влез во Шпанија!
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- =Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- =Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- =Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.