8mi Mart vo Rim (avionski)
РИМ
8 МАРТ | АВИОН
сигурна реализација
05. Март (недела) СКОПЈЕ-РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:50 часот. Лет за Рим во 13:55ч. Пристигнување во
Рим во 15:55 часот. Организиран панорамски разглед на градот со локален водич. Виа Венето, паркот
Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот,
мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим… Можност да се
застане на Плоштадот Навон.Трансфер до хотелот. Сместување и слободно време за индивидуални
активности.Ноќевање.
06. Март (понеделник) РИМ
Појадок. Разглед со локален водич низ Рим – Познатата Плаца ди Спања и Фонтаната Баркача,
Плоштадот Венеција,Фонтана Ди Треви, прошетка покрај Колесеумот(разглед од надвор).
Можност за факултативна посета на местото Tиволи и прекрасната Villa D’Este. Со импресивните
петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на
најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим.
Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани.
Ноќевање.
07.Март (вторник) РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Посета на Ватикан (факултативно) и Папската Базилика Св.Петар со локален водич на
српски јазик – еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни
уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите.Основач е папата Јулиј II во 1506г.
По разгледот пауза за ручек. Вечерта препорака за прошетка низ познатиот боемски кварт
Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во
минатото се појавила и првата Римска Населба. Слободно време за индивидуални активности и
прошетки. Ноќевање.
08. Март (среда) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот.Можност за слободна прошетка .Попладне трансфер до аеродромот
во Рим. Лет за Скопје во 16:05ч. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.
ЦЕНА: 370 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич на српски јазик
– Рачна торба или ранец (40x20x30cm), максимум 10 кг.
– Oрганизиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и претставник од агенцијата во текот на целото патување
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Здравствено – патничко осигурување 150 ден.
– Туристичка такса: Хотел 3* – 3,5€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Пријавен багаж до 20кг/32кг (инфо во агенција)
– Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
-Влезница во Ватикан – 30 € (водич и влезница)
-Посета на Тиволи(со јавен превоз,водич и влезница)-50 еур
– Влезници за културно-историските споменици
*Бројот на места е ограничен по наведената цена.