Veligden vo Budva-Ostrog-Bar-Dubrovnik
Ден 1 – 13.04.2023 (четврток)
- Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 14.04.2023 (петок)
- Во утринските часови пристигнување во Острошки Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. По посетата на Манастирот, патувањето го продолжувам кон Будва. Сместување во Будва. Слободно време за индивидуално активности. Ноќевање.
Ден 3 – 15.04.2023 (сабота)
- Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник. Најпрво се упатуваме кон Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа). Во договорено време, се уплатуваме кон Портомонтенегро – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее.Враќање во Будва во вечерните часови. Слободно време. Ноќевање.
Ден 4 – 16.04.2023 (недела)
- Одјавување од хотелот. Поаѓање кон Бар. Бар е крајбрежен град на Јадранското Море во Црна Гора со население од 40.000 жители (според пописот во 2011 година). Градот претставува административно седиште на истоимената општина и главно пристаниште во Црна Гора. Бар се наоѓа спроти Бари во Јадранот,па оттаму и името “Антивари”. Името Бар, пак, е скратената верзија. Тука се наоѓаат најстарите пишани документи и најзначајните дела од средновековната црногорска литература и историја. Градов бил седиштето на најстарата верска установа во Црна Гора, Барската архиепископија. Се смета дека Старата маслинка во Мировица е стара над 2 000 години, што ја вбројува меѓу најстарите маслинови дрва во Европа. Бар привлекува голем број туристи. Со во просек 270 сончеви денови годишно, Бар е еден од најсончевите градови на Медитеранот. Слободно индивидуално време за прошетка низ Бар. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 79 ЕВРА / 4898 ДЕН. ДО 25.03.2023
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА / 6138
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 2 ноќевања во Будва
– Посета на Острошки Манастир
– Посета на Бар
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Целодневна факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник – 30 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 1.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата 7 дена пред поаѓање
– За влез во Република Хрватска е потребен валиден биометриски пасош
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници