Veligden vo Venecija / Verona/Milano/Trst

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАН179/ 11.100 МКД
   

 ПРОМО ЦЕНА159/ 9.860 МКД

ПРВ ДЕН 09.04.2026 (ЧЕТВРТОК)- СКОПЈЕ-ТРСТ

Состанок на групата во 09.30 ч на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање во 10.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН 10.04.2026 (ПЕТОК) ТРСТ- OUTLET SHOPING CENTAR NOVENTA DI PIAVE – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо. Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме кон Лидо ди Јесоло со попатна посета на Outlet шопинг центар  Noventa di Piave. Во попладневните часови пристигнување во Лидо.  Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 11.04.2026 (САБОТА) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО -ВЕРОНА-МИЛАНО

Појадок. По појадокот заминуваме на еднодневна екскурзија во Верона и Милано. Започнуваме со прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Слобпдно време за индивидуална прошетка. Во договорено време продолжуваме кон  Милано, одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Од овде одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН 12.04.2026 (НЕДЕЛА) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО-ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Одјавување од хотел. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ овој уникатен средновековен град, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде. Слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите времето за возење со гондола низ каналите на Венеција, да ја посетите Дуждевата палата и црквата Св.Марко.  Во договорено време тргнување кон Скопје.  Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.Пристигнување во Скопје на 13.04. Понеделник во попладневните часови .

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

2 ноќевања со појадок во хотел во Лидо ди Јесоло
Организација на аранжманот
Туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Превоз + бродски билет до Венеција- 30 €

-Посета на Милано и Верона- 60 €
-Влезници за музеи и споменици
-Задолжително патничко осигурување 300 мкд
-Доплата за еднокреветна соба
-Туристичка такса за ноќевање во Италија  3€по лице по ноќ, се плаќа во агенција)

НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд