Veligden vo Viena

Автобус | 5 дена – 2 ноќи / термин: 26-30 Април 2019

 

1ден/ 26.04 (петок)  СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14:30 часот и поаѓање за Виена во 15:00 часот. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 27.04 (сабота)  ВИЕНА (шопинг центар Parndorf)
Пристигнување во претпладневните часови во eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 28.04 (недела)  Шенбрун – Дунавска кула
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич. Дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден во 1700 година. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф). За останатите, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252m претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед – 360о на градот). Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.


4ден/ 29.04 (понеделник)  Виенски шуми
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 30.04 (вторник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок);
  • Професионален туристички придружник;
  • Организација и реализација на програмата;
  • Посета на шопинг центар Parndorf;
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид.

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Разглед на Виена со локален водич – 10€;
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 40€;
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ (мин. 30 лица за реализација);
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 30€ (мин. 25 лица за реализација);
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€;
  • Патничко осигурување – 175мкд (за лица до 60 год.);
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.100мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност, по курс 1€ = 62мкд.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.