Veligden vo Istanbul
Термин: 14 април 2023 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус
Сместување во хотел со 3* во област Лалели и Аксарај
1ден / 14.04 (петок) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип – Куманово – Скопје – Велес во попладневните часови во однапред договорено место и време.. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
2ден / 15.04 (сабота) ИСТАНБУЛ
Пристигнување на групта во Истанбул во раните утрински часови. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт. Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Најкарактеристично за Галата Порт, се едни од најголемите крузери во светот, кои нашите патници имаат можност да ги видат.
3ден / 16.04 (недела) ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Крстарење по Босфор, 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Watergarden– е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Ноќевање.
4ден / 17.04 (понеделник) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.Кој не би сакал шопинг?Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.По шопингот, поаѓање кон Македонија.
5ден / 18.04 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд
промотивна цена: 99€ / 6.140мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
– Посета на Капали Чаршија;
– Шопинг во „Аутлет 212“ Mall;
– Посета на турската продавница „КОСКА”;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.
ПАКЕТ 1: 20€
Балат / Галата Порт
ПАКЕТ 2 : 65€
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим Плоштад (Пакет)
ВИП ПАКЕТ ( СИТЕ ЕКСКУРЗИИ ) 80€
Балат / Галата Порт / Крстарење по Босфор / Бејлербеи / Ускудар / Watergarden / Таксим Плоштад
Напомена:
-Задолжителна проверка на пасошот. (мин 6 месца валидност од датумот на враќање);
– Доплата за Еднокреветна соба +35€ од цената на аранжманот;
-Деца до 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
-Деца од 3 до 12 години, плаќаат 50% од цената на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според времето на уплата.
-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15€ за во два правци.