Budimpesta

Термин: 10 октомври 2024 / 5 дена – 2 ноќи | Автобус 

1ден/ 10.10 (четврток)  СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата, точно време за поаѓање ќе добиете два дена пред поаѓање. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 11.10 (петок)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува факултативен панорамски разглед на градот со водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав (факултативно), преубаво искуство под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будимпешта. По крстарењето, враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 12.10 (сабота)  БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. После појадокот, слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Градот на кој секогаш сите му се враќаат. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време заминување кон еден од најголемите трговски центри во Европа –  “Сити суд” http://www.scs.at. Слободно време за шопинг. Враќање кон  Будимпешта. Ноќевање.


4ден/ 13.10 (недела)  БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време  за индивидуални прошетки и  кафе. Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува попатна факултативна посета на Тропикариум http://www.tropicarium.hu.  Слободно време за индивидуални активности.  По договор, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 14.10 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.


 Цена на аранжманот: 149€ / 9.240мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина);
  • Организација на аранжманот;
  • Лиценциран туристички придружник;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување;
  • факултативни излети (се пријавуваат и плаќаат во агенција);
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици;
  • Доплата за еднокреветна соба – 65;
  • Разглед на Будимпешта со локален водич – 15€ (задолжителна фалултатива,уплата во агенција);
  • Крстарење со брод по Дунав – 20€;
  • Посета на Виена – 35€;
  • Посета на Сент Андреа – 20€;
  • Тропикариум – 20€;
  • ВИП ПАКЕТ ОД СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ – 99€;
  • Трансфер од Штип,Велес,Кавадарци,Неготино,Битола,Прилеп-10€ по лице во правец;
  • Задолжителна доплата за туристичка такса;
  • За single соба се доплаќа;
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.