Hotel Golden Beach 3* Metamorfozi
Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.
Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) , 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче со трамболина, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.
- Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
- Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса
- НАПОМЕНА:
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
* Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7
ноќевања;
* Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман” од
0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
* Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
* Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
* Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
* Второ и трето дете во 1/5 Апартман’ од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно
легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
* Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
* Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
* Трета, четврта и петта возрасена особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
* Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
* Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
* Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
* Сместување во собите е по 14:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
* За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
* Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;
Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
* Возрасни: 50 € (еден правец 40 €)
* Деца од 2 до 12 години: 40 € (еден правец 35 €)
* Деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);
- ;




