вила Тalia, Kавос

КАВОС – лоциран е на југот на островот, а од градот и пристаништето е оддалечен околу 50 км. Кавос, денес е синоним за одличен провод и забава. Само во една улица се сместени повеќе од 80 барови , 4 дискотеки, повеќе од 30 таверни и ресторани, па затоа е познат како грчката Ибица. Туристите кои го посетуваат Кавос се млади луѓе на возраст од 16 до 35 години. Поради сето тоа проводот трае 24 часа.

Вилата Талиа се наоѓа во строгиот центар на Кавос и на само 100 метри од градската плажа. Вилата поседува двокреветни и трокреветни студија, како и четворокреветни и петокреветни апартмани кои поседуваат мини кујна, фрижидер, балкон, како и сопствено тоалет.

 1 ДЕН – СКОПЈЕ 

Поаѓање од Скопје во доцните вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во пристаништето Игуменица. Со фериброд следува упатување кон островот. Сместување и време за одмор и запознавање со местото.

2 – 6./7 ДЕН – КАВОС

Бисерот на Јонското море ви овозможува совршена комбинација на одмор и забава. Блага клима, преубави плажи, длабоко сино море, можност за повеќе излети, традиционални јадења и музика… кои ветуваат преубав одмор. Од друга страна, ќе ви стане потполно јасно зошто Кавос е едно од местата – престолнини на незаборавниот провод. Огромен број млади од цела Европа прават незаборавна атмосфера секоја година, надополнета со многу коктели, плажи, крстарење како и тематски забави. Рапсоди ве води на фантастичното место, прочуениот Golden Fox од каде има преубав поглед на заливот Paleokastritsa. …Ве водиме на познатите комерцијални плажи Glifada, Marafijas…на кои покрај заедничкото сликање ќе го пренесеме целосно расположението од Кавос и одличниот провод. Ако сте желни за адреналин ќе имате одлична можност за посета на еден од најголемите водени паркови во овој дел од Европа каде ќе имате можност да испробате некоја од лудите атракции: black hole, kamikazes, free fall, hurricane twist slides.

7/8 ДЕН – КАВОС- СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време , тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Игуменица, а потоа продолжуваме со возењето кон Македонија.

             ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 6 или 7 ноќевања во избраното сместување на Кавос
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

           ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица (20€)
  • Туристичка такса – 0,5 € по ноќ