vila Apolonia, Vrasna

Вила Аполониа се наоѓа на 150м од плажата во централниот дел. Пред самата вила се наоѓа градскиот парк. Вилата располага со 13 студија 1/3 и две студија 1/2 кои се на спрат. Студијата се на приземје и спрат и се опремени со кујна, купатило, балкон, АС (не е вклучена во цената), ТV и Wi – Fi . Дуплексот е комбиниран од две 1/3 соби кои се одделени со ходник, од кои едната соба нема тераса, но затоа има клима која е вклучена во цената, а исто така, се користи терасата од другата соба. Дуплексот располага со две кујни и две купатила. Вилата на приземје има пинг-понг маса и две дополнителни санитарни простории наменети за сите гости при реализирање на смените.

Термините обележани со *се однесуваат на пакет аранжмани по лице за 7ноќевања, а без * се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи

    • Цените се изразени во ЕУР за уплата во денарска противвредност (1 Еур = 62,00 мкд)

    • Во студијата дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен
    • За пакет аранжман во Студио 1/2 и 1/3 плаќаат минимум 2 лица, а во 1/3 трето лице се сместува бесплатно, плаќа само превоз
    • За уплата на два последователни аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 5% попуст на вториот аранжман на редовните цени
    • Доплата за клима 5 евра од ден (се наплаќа во агенција)
    • Сместувањето во студијата е во 14:00 часот по локално време, а напуштање на студијата во 10:00 часот по локално време
    • Цена само за автобуски повратен билет 50 евра, а за деца од 02-12 години 40 евра
    • Задолжително патничко осигурување.
    • Туристичка такса 2 евра од ден се наплаќа во агенцијата