vila Julianos, Ipsos
10% попуст за резервации до 10.03.2025
Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра.Се плака во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2евро по соба на ден. Се плаќа во автобус.
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10 % попуст на вторниот термин ( попустот важи само за редовните цени). Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 20 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ, за промо цените не се намалува.
Клима уред се доплака
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
– Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 15 евра (освен првите две).
- Check in во собите е од 14h – 16h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава кај делот предвиден за куфери.
OРГАНИЗИРАНИ ИЗЛЕТИ:
Ден 1:ГЛИФАДА
Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Ден 2:Островска тура
Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.
Ден 3:ГРАДОТ КРФ
Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.
Ден 4:КРСТАРЕЊЕ
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.
Ден 5:АКВА ПАРК
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
Ден 6:BLUE LAGOON И СИВОТА
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.
Ден 7:ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ
Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос и релаксирање под топлото сонце.
По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.