vila Centar, Kalitea

Вила Центар се наоѓа во центарот на Калитеа, на самото шеталиште. Добрата локација на објектот овозможува брза достапност на гостите до плажа (200 метри) и до голем број супермаркети, продавници и ресторани. Препорачлива е за сместување гости кои уживаат во ноќните забави и живите прошетки во местото. Студијата се комплетно опремени со мини кујна, телевизор, клима уред, тераса и купатило. Вилата поседува и бесплатен безжичен интернет, додека користењето на клима уредот се плаќа на лице место. Калитеа важи за место со прекрасна природна идила, зеленило, плажи со бел песок како и кристално бистра вода.

Во цената е вклучено:
– наем на студио/дуплекс за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 1.5 € по соба од ден (се плаќа во агенција)
– клима 5 € од ден (се плаќа на лице место)

Само превоз (повратно):
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 30 €
– возрасни: 45 €

– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
– Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.