Nova Godina vo Belgrad
Нова 2025 Година – БЕЛГРАД со Нови Сад
ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД
Повторно Ве води во градот кој никогаш не спие – БЕЛГРАД. Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава – најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова …..
Дочекајте ја Новата година со крстарење по Сава и Дунав…
1.Ден 30.12.2024 (Понеделник)
Состанок со групата на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2024 (Вторник)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз за патниците кои што се имаат пријавено за новогодишен дочек на брод. За останатите патници индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2025 (Среда)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2024 (Четврток)
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот:
169 еур / 10.478,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово
Во понудата е вклучено
• Превоз со туристички автобус на дадената релација
• Организација и водство на патувањето
• Разглед на Белград со локален водич
• 2 ноќевања со појадок во хотел Србија 3*
Во понудата не е вклучено
• Патничко осигурување 200 мкд
• Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
• Факултативен излет до Нови Сад – 20 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
• Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
• Новогодишен дочек на брод – 85 по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус ( со неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци, и новог. вечера.)
• Влезници во културно/историски споменици