Nova Godina vo Saraevo

Сараево за Нова 2025-та Година

(29.12.2024-01.01.2025)………….109eur

Што е вклучено во цената

-2 ноќевања со појадок во хотел

-Разглед на Сараево со локален водич

-Туристички придружник за време на патувањето

-Посета на Вишеград и Андриќград

-Автобуски превоз Скопје и Куманово

Што не е вклучено во цената

-Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино-10е во правец по лице

-Трансфер по градови Велес и Штип-5е во правец по лице

-Крстарење по Дрина– 10 евра од лице

-Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра

-Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 70 евра

Ноќно Сараево -15 евра од лице

-Туристичка такса– 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)

-Патничко осигурување

-Патниците избираат еден од двата наведени пакети (од 70 или 90 евра)

За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус

 

ПРВ ДЕН (29.12.2024) Недела

Поаѓањето е од Скопје, пред Хотел Русија е околу 21:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање.Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (30.12.2024) Понеделник

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич.

Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принципхотел Европаавстро-унгарскиот делплоштадот Маршал Титоместото каде е формирана групата INDEXIБегова Џамија и Башчаршија.

Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време.

Ноќно Сараево – Факултативен излет

Состанок на група во 19:00 пред Хотелот. Тргнување кон местото Илиџа заедно со локален водич. По завршувањето тргнуваме на панорамски разглед со автобусот каде се застанува на едно од местата и се гледа Сараево во целосна светлина каде што правиме неколку фотографии и тргнуваме кон следното место. Нашето следно место како за крај на Ноќно Сараево е највисоката зграда во градот Сараево Avaz Twist Tower каде ке имаме можност да се искачиме на 142м висина поточно 39 кат каде што има кафетерија и 360 степени панорамски разглед и една од најдобрите фото во диагонала поточно како изгледа Сараево во должина. По завршувањето се упатуваме во хотелот. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (31.12.2024) Вторник

Третиот ден започнува со појадок и во 07:30ч  и започнуваме со целодневна екскурзија 😊

Првото место за посета е Титов Бункер во местото Коњиц.

Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год.
Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..

По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич.

Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.
Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување.
Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде.

Во Мостар има кварт  каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”.
Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот.

Слободно време околу 3 часа.

Враќање во Сараево.

Дочек на Нова 2025-та Година на плоштадот со луда забава со Далматинската дива Северина.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (01.01.2025) Среда

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.

Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал.
Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото.
Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.

Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата.
Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.
Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ.
Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка

Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имаат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград.
Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.

Пристигнување во раните утрински часови.

Факултативни излети:

1.Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна, Мостар и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 90€

2.Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 10€

3.Историски пакет (Посета Бункерот на Тито, Јабланица и Врело Буна, Мостар)

Цена за пакет: 70€

4.Ноќно Сараево (задолжителна факултатива)

Цена за пакет: 15€