Nova Godina vo Istanbul (2nokevanja)
Доколку сакате нешто поразлично оваа Нова Година тогаш Истанбул ве очекува со организација на приватен брод кој плови по Босфор со на 300 Македонци, два стејџа, македонски изведувачи вклучувајќи бенд, ди-џеј, караоке зона, па се до спектакуларен огномет, многу запросувања и многу изненадувања. Тоа е најважната причина поради која треба да се придружите на ова патување.
План и програма
Турата стартува околу 16:00 часот од Скопје. ЗНоќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус с нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.
Пристигнување на групата во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
Балат-Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.
После Галата порт се враќаме назад во хотелот за да се подготвиме за најлудата веќер и најубавиот дочек на брод.Организиран транспорт до Босфор со нашите автобуси за сите журкаџии. За време на нашиот транспорт до бродот кој трае магични 20 минути, ние ви подговуваме едно кратко изненадување за секој автобус, а со ова го најавуваме големиот старт на нашата прва новогодишна журка!
Дочек на Нова Година. Враќање во хотел. Ноќевање
Недела ни започнува со Late breakfast.
По појадокот, денот ни е резервиранза следните факултативни излети:
Крстарење по Босфор-2 часа крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Emaar Square Mall Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители.
WaterGarden Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“тука можете да си земете нешто и за дома локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот,поаѓање кон Македонија.
Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
Што е вклучено во цената
Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз, Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија
Туристичка такса
Посета на турската продавница “КОСКА”
Шопинг во 212 Центарот
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошкови
1.Дочек на Нова Година на Брод…….75е
Сепектакуларниот дочека на Нова година ке биде организиран на приватен брод каде што ќе бидаат патници само од организација на агенцијата.Целосна наша организација со Dj,бенд, караоке,наградни игри како и секоја годинта, огномети и уште многу други изненадувања.
-4 пијачки (алкохолни/безалкохолни)
-трансфер од хотелот до бродот и назад
-4 часа незаборавна забава на брод
-шведска маса
2.Новогодишен Пакет…..125е
-Балат
-Галата Порт
-Крстарење по Босфор
-Ускудар
-Emmar Square Mall
-Watergarden
-Дочек на Нова Година на брод