Nova Godina vo Budva

      

ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари) за приватно сместување

              145 евра (8.950 денари) за сместување во хотел 3*            

 Програма на патување:

 1 ден: 30.12.2026 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања вклучени во цената од Битола 19.00ч; Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч ). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2026 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка.Вечерта дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и  новогодишен концерт на Жељко Јоксимовиќ. Ноќевање.  

3 ден: 01.01.2027 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Требиње преку Тиват со траект. “Градот на сонцето и платаните”, сместен под планината Леотар во долината на реката Требишњица, која тече низ самиот град. Посета на туристичкиот комплекс Херцеговачка Грачаница.Попладне враќање во Будва. Слободно време.  Вечерта можност за факултативна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин. Ноќевање

4 ден: 02.01.2027 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро.

Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари) за приватно сместување

               145 евра (8.950 денари) за сместување во хотел 3*            

 

 Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

( Поаѓања вклучени во цената од Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес, Куманово )

  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Требиње -20 евра

( минимум 30 лица пријавени за реализација );

  • Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро -20 евра

( минимум 30 лица пријавени за реализација );

  • Факултативна вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -15 евра

( минимум 30 лица пријавени за реализација );

  • Пакет цена за излети до Требиње, Котор, Тиват-Порто Монтенегро и вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -50 евра

( минимум 30 лица пријавени за реализација );

  • Туристичка такса за сместување во Будва -3 евра ( се плаќа во агенцијата )
  • Влезници за посети;

патничко осигурување