Nova Godina vo Paris

30.декември (понеделник)       СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 ч. Пристигнување во Париз на аеродромот “Бове” во 20:45 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

31.декември (вторник)              ПАРИЗ – ЛУВЕР
Појадок. Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Евентуална можност за идивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.

01.јануари  (среда)                     ПАРИЗ
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладнето, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.

02.јануари  (четврток)               ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило. Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”.Ноќевање.

03.јануари (петок)                       ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидулани активности, шопинг во модерниот кварт на Париз – La Defance  или можност за посета на најпознатиот забавен парк “Дизниленд” Трансфер до аеродромот “Бовез” во 16:20ч. Лет за Скопје во 21:15ч Пристигнување во Скoпје после полноќ наредниот ден во 23:55ч.


 Цена на аранжманот:
“STANDARD” 479 € со вклучен разглед на Париз
“SUPERIOR” 579 € со вклучени разгледи на Париз, Версај , Лувр, Сена

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со Wizz Air)
– Мала кабинска торба (40x30x20), максимум 10кг.
– Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел “Hotel Ibis Paris La Defense” ***, на база 4 ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси во Скопје и Париз (60€)
– Туристичка такса за престој 1,5€ / ден
– Задолжително Патничко осигурување 180,00мкд
– Пријавен багаж до 20кг – ______мкд по правец
– Пријавен багаж до 32кг – ______мкд по правец
– Влезница за Ајфелова кула: (16,5€ до втор кат, 25€ до врв)
– Превоз со метро
– Доплата за 1/1 соба 169€

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
– Факултативно крстарење по Сена (15€)
– Факултативна посета на Лувр, водич и влезница (45€)
– Посетата на Версај, превоз, водич и влезница: (65€) *резервација и уплата при продажба

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници