Nova Godina vo Budva (smestuvanje vo vili)

1 ДЕН 29.12.2019 – НЕДЕЛА

Поаѓање во вечерните часови. Патот не води преку Косово и Албанија. Ноќно возење.

2 ДЕН 30.12.2019 – ПОНЕДЕЛНИК

Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во апартмани. Moжност за факултативна посета на прекрасниот Дубровник. Покрај модерната архитектура, големите булевари и плоштади во Дубровник се зачувани и голем број на историски вредни градби. Вечерта организирана забава  во еден од познатите клубови во Будва. Ноќевање.

 ДЕН 31.12.2019 – ВТОРНИК

Слободно време и подготовка за Новогодишната вечер. Вечерта организиран Дочек на Новата 2020 година во еден од познатите клубови. Ноќевање.

 4 ДЕН 01.01.2020. – СРЕДА

Напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, бројните кафулиња и ресторани. Поаѓање за Скопје.

Цените од табелата се однесуваат по лице

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација со водич на патувањето;
  • 2 ноќевања во избраното сместување
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео);

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Задолжителна туристичка такса кон општината – 1 евро по ноќ;
  • За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;

Oпис на сместувњето:

Вилата Анита се наоѓа на 200 метри од главната Словенска плажа со одлична локација на само 10-ина минути од автентичниот историски центар во стариот град. Се наоѓа на самата главна сообраќајница во градското подрачје. Сите соби имаат ТВ, фрижидер, сопствен тоалет и тераса. Трокреветните и четворокреветните соби поседуваат и мини кујна.