Нова Година во Мадрид

МАДРИД

30.12.2024 – 03.01.2025

 

30.12.24 – 1 ДЕН     Скопје –   Тирана  – Мадрид

Состанок на групата во 07:30ч, трансфер до Тирана, лет за Мадрид во 16:30ч.  Пристигнување во Мадрид во 20:10ч. Трансфер до хотел  и сместување.

31.12.24 – 2 ДЕН    Мадрид и дочек на Нова Година

Појадок. По појадокот организирана факултативна  пешачка тура разглед на  Мадрид со локален водич. Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor, паркот El Retiro,  палатата Palacio Real de Madrid, фонтаната Cibeles, сончевата капија Puerta del Sol. Слободно време за инфивидуални активности, шопинг, кафе, ручек или едноставно да уживате во предновогодишната еуфорија која е присутна секаде. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Нова Година по сопствена желба, во некој од бараовите, рестораните или пак на централниот плоштад. Ноќевање

01.01.2025 – 3 ДЕН     Мадрид – Барселона

Појадок . Појадок.  Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Барселона со воз. Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот. Жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање. Тоа е космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона е синоним за Медитеранот, што ја прави еден од главните туристички, економски, трговски и културни центри во светот. Нејзиниот годишен временски просек од 20ºc  ја прави совршена за уживање во активен животен стил на отворено. Барселона е град со широк спектар на оригинални опции за слободно време кои ве поттикнуваат да ја посетувате одново и одново. Можност за посета и разглед на градот со Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покра, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella пристаништето.За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи..Слободно време Враќање во Хотел. Слободни активности. Ноќевање.

02.01.2025 – 4 ДЕН  Мадрид- Толедо

Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на Величественото ТОЛЕДО, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури христијанска, еврејска и арапска. Заедно со локален водич ќе ги посетиме сите знаменитости во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе баровите и рестораните око главниот плоштад. Неизбежен дел од посетата на овој град се и музејот EL GRECO и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо

Враќање во хотел.Слободно време.Ноќевање.

03.01.2025 – 5 ДЕН   Мадрид – Тирана  – Скопје

Појадок.Напуштање на собите до 11ч00 часот и  слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, можност да се посети музејот Реина Софиа, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника” како и музејот Прадо кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило… или пак посета на фудбалскиот стадион Santiago Bernabeu, дом на најтрофејниот и најпознатиот фудбалски клуб во светот, кралскиот Реал Мадрид.  Во  17:00  трансфер до аеродром .Лет за Тирана  во 20:55 Слетување во Тирана во 00:00.Трансфер до Скопје

ЦЕНА 619 евра за првите 6 уплати

Редовна Цена  739 евра

Во цената е вклучено :

  • Трансфер на релација Скопје –Тирана (аеродром)-Скопје;
  • Авионски превоз на релација Тирана-Мадрид-Тирана со WIZZ AIR  со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 8 кг/мал багаж 40х30х20см.
  • Трансфер од аеродром-хотел –аеродром во Мадрид;
  • 4 нокевања со појадок во Hotel 4C BRAVO MURILLO

Во ценaта не е вклучено:

  • Доплата за багаж до 10кг со  димензии (50х40х23)     (инфо во агенција)
  • Факултативен излет – пешачки разглед на Мадрид
  • Факултативен излет  ТОЛЕДО   70€ со вклучен превоз , водич  Минимум 15 патника
  • Факултативен излет    БАРСЕЛОНА   100 € со вклучен превоз со брз воз 2часа и водич (минимум 15 патника)
  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден
  • Патничко осигурување 350 ден
  • Се она што не е споменато во програмата

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.