Дочек на нова Година во Белград-хотел Југославија

29.12.2019 –01.01.2020 / 4 дена / 2 ноќевања/ хотел Југославија 3*

 

1 ДЕН (29.12.2019 – сабота): ШТИП-БЕЛГРАД

Состанок на групата во 23:00 часот пред Нова пошта во Штип и тргнување за Белград. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН (30.12.2019 – недела): БЕЛГРАД

Пристигнување во Белград– панорамски разглед на градот со локален водич…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки во центарот на Белград и уживање во предновогодишната атмосфера во градот со богата музичка програма на плоштадот или во дискотека/кафана. Факултативно посета на ресторан или сплав со музика-(предновогодишна загарантирана забава).Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.2019 – понеделник): БЕЛГРАД – НОВИ САД (ФАКУЛТАТИВНО)

Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина…Во попладневните часови – враќање во Белград…Подготовка за дочек на Нова Година на плоштад или факултативно во ресторан. Забава на плоштад со познати музички звезди. Ноќевање.

4 ДЕН (01.01.2020 – вторник): БЕЛГРАД – ШТИП

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот, слободно време . Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Штип.

 

Цена на аранжманот:6.490 денари.

Промотивна цена за уплата до 10.11.2019 година-5.950 мкд.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-превоз со туристички автобус

-2 ноќевања со појадок во хотел Југославија 3* во Белград-http://hoteljugoslavija.rs/

-разгледување на Белград со локален водич

-водство и организација на програмата

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-посета на Нови Сад – 12 евра – пријавување при резервација -( минимум 35 пријавени)

-патничко осигурување – 100 денари -(задожително)

-туристичка такса 1,5 евра од ноќевање-или 2х1,50=3 евра -(задолжително)

-посета на ресторан или сплав со музика-(предновогодишна забава)

 

Опис на хотелот:Хотелот Југославија 3* е сместен на десната обала на Дунав, поглед на Ушче, реката Сава и Дунав.Хотелот е отворен во 1967 година и е еден од најпопуларните хотели во бивша Југославија, хотелот повторно е отворен во 2013 година каде добива категорија 3*.Во хотело има неколку ресторани, казино, кафич, бутик, располага со 132 соби, рецепција која работи 24 часа.Во близина на  хотелот има автобуска постројка која води до центарот на Белград, до Аеродромот и др.