Нова Година во Белград со нокевање во хотел SRBIJA 3*

 

1.ДЕН (30. 12. 201Понеделник) Скопје – Белград

Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“.
Поаѓање во раните утрински часови – 03:00. Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во раните попладневни часови. Следува панорамски разглед на Белград, главниот град на Србија, кој ги вклучува најпознатиот стадион од поранешните југословенски простори Маракана – стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатович, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Разгледот го привршуваме со христијанскиот храм свети Сава. Следува сместување и слободно време за одмор и релаксација.

Потоа заминување на пешачки разглед кон центарот на градот: хотел Москва, ул. Кнез Михајлова, плоштадот на Републиката, Калемегдан парк, Скадарлија…

Во вечерните часови организирано заминување кон една од познатите белградски кафани каде со звуците  на македонската и српската музика ќе уживаме во предноводишната атмосфера. Ноќевање.

 

2.ДЕН (31. 12. 2019 Вторник Нови Сад – Белград  ДОЧЕК НА НОВАТА 2020  ГОДИНА

Денот ни започнува со факултативна посета на  вториот по големина град во Србија, кој што нуди посебна убавина – Нови Сад. По пристигнувањето во Нови Сад следува пешачки разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина. Слободно време за уживање во убавините на Нови Сад. Враќање назад кон Белград. Во вечерните часови следува  дочекот на 2020 година, најлудата ноќ во годината во еден од најатрактивните и најексклузивни белградски клубови. Ноќевање.

3.ДЕН (01.01.2020 Среда Белград – Скопје

Следува напуштање на хостелот/хотелот. Заминување кон Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните

 

Сместување 1/1 1/2 1/3 1/4 1/5 1/6
Хотел Србија 3* 89€ 89€ 79

*Цените во табелата се однесуваат по лице

*Цените важат до 14.11.2019

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања  во Белград во хостел со  – 1/3, 1/4, 1/5, 1/6 креветни соби или во хотел 3* со појадок –   1/1, 1/2 или 1/3 креветни соби.
  • Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување;
  • Превоз со високотуристички автобус (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;
  • Панорамски разглед на Белград

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување (200 денари);
  • Факултативни излети
  • 155  динари (1,29€)   по ноќ туристичка такса  (се плаќа на рецепција)за хостел Јелица;
  • За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;