8ми Март во Белград
БЕЛГРАД И НОВИ САД
05Март (петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата во 2.30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности.
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
06Март (сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн… ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот. Враќање во хотел во Белград. Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.
07Март (недела) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време до 15 часот. Патување со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнвање во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 4.900 денари (79 евра)
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3***
- Разгледување на Белград со стручен локален водич
- Посета на трговскиот центар Ушќе
- Придружник – пратител на групата за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Целодневна посета, разгледување на Нови Сад со стручен локален водич и ручек во традиционален ресторан – Салаш, 1.550 мкд. (25 евра) за минимум 30 пријавени патници
- Вечера во ресторан на Скадарлија 1.550 мкд.(25 евра)
- Задолжително патничко-здравствено осигиривање
- Туристичка такса 160 денари по ноќ по лице (се плаќа на рецепција)
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници