8ми Март во Венеција
Програма на патување:
1.Ден 07.03.2019 (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти саем во 15.30 часот. Поаѓање за Италија во 16.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2.Ден 08.03.2019 (Петок) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во претпладневните часови во Лидо ди Јесоло и заминување на разглед на градот на мостови и канали, Венeција: Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Доцна попладне враќање во Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Ноќевање.
3.Ден 09.03.2019 (Сабота) ФИРЕНЦА
Појадок.Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре,крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање во хотел, пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.
4.Ден 11.03.2019 (Недела) ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Панорамски разглед на градот: Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија … Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
5.Ден 12.03.2019 (Понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.
ПРОМО цена за резервации до 15.02.2019 – 119€/7.380ден
(цените важат со пријава на пакет факултативи)
Редовна цена 129€/7.998ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел 3* Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
- Организирана посета на Венеција и Верона
- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување 124ден
- Превоз со брод вапорето до Венеција – 20€
- Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 45€ (мин. 30 пријавени)
- Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (1-2€ по лице од ноќ)
- Влезници по културно – историските знаменитости
Напомени:
- За реализација аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање