Istanbul (2 nokevanja)

1ден / 10.10 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип – Велес – Скопје – Куманово во попладневните часови во однапред договорено место и време. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните два дена. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.


2ден / 11.10 (петок) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Балат | Таксим Плоштад)
Пристигнување на групата во Истанбул во утринските часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија, Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во  оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Балат. Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Таксим Плоштадот. Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај. На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Ноќевање.


3ден / 12.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Палатата Ќучуксу | Кадиќој | Џамлича џамија)
Појадок. По појадокот во хотел групата во договор со водичот, се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор. Ви овозможуваме 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете познат турски чај или кафе. Бејлербеи. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали. Палатата Ќучуксу. Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година. Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни. Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј. Кадиќој. Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе. Џамлича џамија.  Денот го завршуваме со посета на една од најубавите џамии во магичниот Истанбул. Пауза за уживање и фотографирање. Враќање кон хотел. Ноќевање.


4ден / 13.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Фабрика Коска | 212 MegaOutlet) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да ги купите најтрадиционалните турски благи локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми, турско кафе или чај и многубројни други традиционални слатки.  Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија.


5ден / 14.10 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот:  109€ / 6.760мкд


Дете до 3 години – бесплатно | Дете од 3-12 години – 50 % од износот на аражманот | Еднокреветна соба + 25€ / 1.550мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • – превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
  • – 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
  • – посета на Капали Чаршија;
  • – посета на трговски центар – 212 Outlet;
  • – посета на фабриката за слатки работи Коска;
  • – лиценциран туристички придружник;
  • – организација и реализација на патувањето.

ПАКЕТ 1:  25€

– посета на Балат;
– посета на Таксим Плоштад;


ПАКЕТ 2:  85€

– крстарење со брод по Босфор (90 мин дневно крстарење по Босфор со локален водич);
– посета на Бејлербеи;
– посета на Палата Ќучуксу;
– посета на Кадиќој;
– посета на Бујук Џамлича Тераса.

 


 ПАКЕТ ОД СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ:  100€


Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.