vila Parthenon
Вила “Parthenon” се наоѓа во Неос Мармарас, во непосредна близина над пристаништето во централниот дел, oколу 50m oд најблиската мала плажа и на околу 500m од познатата плажа Paradisos. Вилата има 2 влеза. Во задниот дел се наоѓа прекрасно уреден двор со лулашки за деца и скара за гостите со маси и столчиња. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на извлекување. Студијата се наоѓаат на I и II кат, сите опремени со: кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, клима (со доплата на лице место 3€ од ден), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња.
GPS Coordinates: 40°05’43.1″N 23°46’44.1″E | 40.095309, 23.778926
10% попуст за целосна уплата до 01.03.23 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.23
-
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување)
- Доплата за клима – 3€ од ден (на лице место);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);