vila Maria Lux

Вила “Maria Lux” се наоѓа во центарот на Ханиоти (веднаш до вила “Maria”) односно на почетокот на Плоштадот и нa oколу 150m oд плажа. Вилата е ново изградена во Октомври 2018 година. Располага со: комфортни струдија за три лица и апартмани со една спална соба за пет лица со големи тераси. Опис на собите: 1/3 студио на ниско приземје (сутерен) 1/3 студио на високо приземје и 3+2 апартмани со една спална на I и II кат. Сите се комфортни и комплетно опремени со нов мебел со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен   интернет, гардеробер, сушара, широки балкони, масичка со столчиња со поглед напред на улицата, Плоштадот. Вилата е со одличен квалитет на сместување.


GPS Coordinates:   40.000296, 23.573370

 10% попуст за целосна уплата до 01.03.25

      • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
      • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
      • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
      • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
      • –  Во студио и апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
      • –  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
      • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
      • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
      • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
      • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата. Кај “Lemonis Bakery”.
      • –  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
      • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

      ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

      • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
      • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
      • –  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
      • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);