vila Stratos, Pefkohori

Вила “Stratos”, се наоѓа на околу 50m од плажа, во центарот, односно на пешачката улица од единствениот мал кружниот тек во Пефкохори која води кон плажата. Вилата располага со:  3+1 апартмани со една спална соба (брачен и единечен кревет во спалната соба и единечен кревет во кујната, купатило, две тераси, единечна и аголна тараса со поглед во дворот на вилата каде и од двете соби се излегува на тераса /  3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални соби (брачен и единечен кревет во едната спална соба, два единечни кревети во другата спална соба, одделна кујна помеѓу двете соби со трепезариска маса, голема аголна тераса со поглед кон пешачката улица на која се излегува и од двете спални соби). Сите апартмани се опремени со: кујна (со  прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, туш, големи балкони (масичка со столчиња), ТВ, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен  интернет. Гостите со сопствен возила немаат можност да паркираат пред вилата, бидејки е пешачка зона. Можно паркирање на булеварот. Апартманите се на I и II кат. Апартманите се реновири на пролет 2024 година и се со добар квалитет на сместување и одлична локација.

  

GPS Coordinates:   39.988688, 23.615158

5% попуст за целосна уплата до 01.03.23  

      •  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
      • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
      • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
      • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
      • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
      • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
      • –  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.

      ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

      • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
      • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
      • –  Доплата за туристичка такса -1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
      • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)