vila Eva (ex Korfu), Nea Flogita

Вила ,,Eva” (поранешна вила ,,Corfu”) е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ”Corfu” на 50 метри од плажа. Располага со четири-креветни апартмани и четири-креветни студија, на втори спрат со комплетно опремени кујни, WC, тераси.

Користење на клима уредот е вклучено во цена.

Туристичката такса се плаќа во објектот  – 2 евра од ноќ.

 

Цените во табелата се за наем на Студио / Апартман за 7 нокевања, и се објавени во евра (1еур=62ден).

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла.

Доплата на туристичка такса 2 €  од ноќ (се плаќа во вилата)
Користењето на клима-уред, WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.

За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 5% попуст на вториот термин

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Превоз: 

  • За возрасни 3.100 мкд. (50евра)
  • За деца до 12 години 2,480мкд. (40 евра) 
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Студио бр.7 се наоѓа на третиот кат, има еден брачен кревет и два единечни, во истата просторија е кујната опремена со голем фрижидер и мини  шпорет со релна Климата и ТВ,тераса. 

Апартман бр.8 се наоѓа на третиот кат , има еден брачен кревет во посебна соба и два единечни во дневниот простор, во истата просторија е кујната опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна, климата и ТВ, тераса.

Студио бр.9 се наоѓа на третиот кат , има еден брачен кревет и два единечни, во истата просторија е кујната опремена со голем фрижидер и мини шпорет со релна климата и ТВ,тераса.