vila Flegos

Куќа „Флегос“ е лоцирана во центарот, над плоштадот и шеталиштето во дел во Фурка. Оддалечена е околу 150 метри од песочната плажа. Опкружена со зеленило, има убаво уреден двор и заеднички дел за дружење со скара. Располага со трикреветни и четирикреветни апартмани, квалитетно опремени во со големи тераси, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Координати: 39.998791849923585, 23.384777682739124

Цени по лице со вклучен превоз

 

Цени за наем на Апартман за 7 ноки

 

Цени по лице со вклучен превоз

Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)

Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.

Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

Преземањето на собите е од  15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време.

Агенцијата не е одговорна за квалитетот на и нтернетот во објектот.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла

Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место.

Превоз:

За возрасни 3,100 денари (50 евра)

За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)