8mi Mart vo Istanbul
Термин: 08 март 2023 | 5 дена / 3 ноќи | Автобус
ПРОГРАМA НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 08.03 (среда) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Штип во 16:00 часот (пред Стадионот), Велес во 16:45 (кружен тек), Скопје во 17:30 часот (Хотел “ВИП” – наспроти саем), Куманово во 18:00 часот (Бензинска “Makpetrol” – Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден / 09.03 (четврток) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Облакодер Сафир)
Пристигнување на групта во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група. Облакодерот “Сафир”-Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. Групата има слободно време, и се упатуваат кон Ортаќој. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул.Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост.Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии. Ноќевање.
3ден / 10.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Балат | Галата Порт)
Појадок. По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт. Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Ноќевање.
4ден / 11.03 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Ускудар | Watergarden | Таксим Плоштад)
Појадок. По појадокот групата се упатува на целодневна екскурзија. Крстарење по Босфор, 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Ускудар (Азиски дел) На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Таксим Плоштадот. Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Ноќевање.
5ден / 12.03 (недела) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Македонија.
Цена на аранжманот: 129€ / 8.000мкд
Цена за уплата до 30.01: 119€ / 7.380мкд
Дете од 0 – 2,99 години – бесплатно (спијат во кревет со родител) | Дете од 3-12 години – плаќа 50% од износот на аражманот доколку е придружувано со двајца возрасни | Дете до 12 години придружувано со еден возрасен плаќа 100% од сумата на аражманот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
– посета на Капали Чаршија;
– посета на трговски центар – 212 Outlet;
– посета на фабриката за слатки работи Коска;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето;
– Туристичка такса.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
– Балат и Галата Порт 20€;
– Облакодер Сафир и Ортаќој 35€;
– Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden,Таксим Плоштад 65€;
ПРОМО ВИП ПАКЕТ: 115€
– Балат;
– Галата Порт;
– Облакодер Сафир;
– Ортаќој;
– Крстарење по Босфор;
– Бејлербеи;
– Ускудар;
– Watergarden;
– Таксим Плоштад;
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.