vila Soula,Jerisos
Куќа “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 60-70 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен голем уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Апартманите се реновирани и располагаат со големи фрижидери и големи електрични шпорети со рерна, а студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со решо и сите потребни елементи. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш. Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат.
Апартман број 1 (1/4+2) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е голема и комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса и истата е опремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/4+1) – високо приземје. Простран реновиран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса во дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 3 (1/2) – прв кат. Потесно студио кое располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2) – прв кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет (поставени во должина еден по друг) и мала опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот пред студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2) – високо приземје. Студиото е одвоено со сопствен влез и располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено заградено дворче кое располага со маса и столови.
40.400484, 23.878998



- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
- Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
- Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.



