vila Anastasija,Nea Roda
Вилаta „Anastasia“ e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спрат, еден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманите имаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)